И на Мората му е преку глава од тоа што се случува во Челси, Шпанецот дал зелено светло за враќање во Јувентус?

by
1 минути читање

Напаѓачот на
англискиот првак Челси, Алваро Мората наводно дал зелено светло за враќање во
италијанскиот првак и европски вицешампион, Јувентус, и тоа во претстојниот
летен преоден рок.

Дел од
италијанските медиуми пренесуваат дека шпанскиот напаѓач не е среќен во Лондон
а веќе ги известил челните лица на Јувентус дека нема ништо против враќањето во
Торино.

Извесно е дека
Марио Манџукиќ ќе си замине од Јувентус претстојното лето, хрватскиот напаѓач
кој има актуелен договор со клубот до 2020. година е таргет на неколку Турски,
како и Кинески клубови, а тимот од Торино ќе има можност и да заработи на 31
годишниот напаѓач кој очигледно заврши со успешната кариера во Европа.

Мората потпиша за
Челси пред стартот на актуелнава сезона, има договор со Челси до 2022. година, но
опцијата за враќање во Торино каде играше две сезони (2014/16) е во игра.
Шпанскиот напаѓач постигна 14 погодоци и 6 асистенции во сите конкуренции за
Сините оваа сезона, а само чудо може да го одведе Челси во Лигата на шампионите
идната сезона, по катастрофалните резултати актуелнава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани