И Ливерпул застана во редот за потписот на Донарума

by
1 минути читање

Според последните
информации кои пристигнуваат од Италија, се вели дека младиот голман на
калчолигашот Милан, Џанлуиџи Донарума влезе на списокот од листата на желби на
Ливерпул.

Кориере дело
Спорт тврди дека тимот од Енфилд, кој ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во
финалето од Лигата на шампионите оваа сезона, во Донарума гледа прв избор за
голманската позиција.

Познато е дека за
Донарума интерес веќе имаат пријавено ПСЖ и Барселона, исто како и Манчестер
јунајтед, а тој би можел да си замине од Милан уште претстојниот летен преоден
рок откако не успеа да најде заеднички јазик со фановите на Росонерите кои не
можат да се помират со гласните шпекулации поврзани со неговата иднина, и покрај
тоа што лани по долги преговори потпиша нов договор со тимот од Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани