588
Инвестицијата на кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс во англискиот Премиерлигаш Ливерпул со 2% се покажа исплатливо за Американецот.
Американските медиуми пишуваат дека Џејмс по влезот на Ливерпул во големото финале од Лигата на шампионите добил заработка од 6,7 милиони долари.
Џејмс влезе со инвестиција од 2% во акциите на Ливерпул во 2011. година преку својата маркетинг компанија, која пак ги вложи парите во друга компанија во чие сопствеништво е Џон Хенри, првиот човек на Ливерпул, сега се здоби со одличен профит од успехот на оваа екипа.