Хрватска со победа од 2-1 над Словенија ги заврши подготовките пред настапот на Светското првенство. На пријателскиот натпревар во Вараждин, „коцкестите“ до триумфот стигнаа со гол во судиското продолжение.
По мирното прво полувреме, Лука Модриќ го отвори резултатот на стартот од вториот дел. Словенците израмнија преку Андраж Шпорар, но Марио Пашалиќ во самиот финиш ја донесе победата за домашната селекција.
Италија продолжи со добрите резултати и со млад состав славеше на гостувањето кај Грција со 0-1. Стрелец на единствениот погодок беше Пио Еспозито, а „аѕурите“ успеаја да ја зачуваат предноста и покрај тоа што последните минути ги одиграа со играч помалку.
Во уште еден интересен пријателски натпревар, Мароко и Норвешка ремизираа 1-1. Брахим Диаз погоди за Мароканците, додека конечниот резултат го постави Мартин Одегард.