Според реномираниот Билд и уште неколку весници од Германија, Баерн Минхен со месеци бил во контакт со младиот стратег и
Томас Тухел бил нивниот избор за наследник на Јуп Хајнкес по крајот на
сезоната.
Оваа недела
лидерите на клубот доставиле сериозен конкретен предлог до Томас Тухел но
добиле негативен одговор со образложение дека тој веќе се договорил со клуб од
странство.
Карл Хајнц
Румениге, Ули Хенес и Хасан Салихамиџиќ преку телефонска конференција до
последен момент се обидувале да го предомислат и да го убедат стратегот да се
пресели на Алианц Арена, но безуспешно.
Томас Тухел
наскоро ќе го соопшти името на својот нов клуб, но веќе се шпекулира дека тој
се договорил со Арсенал да го наследи Арсен Венгер на кормилото на Емирати.