Хоакин во Бетис до 2020. година

by
1 минути читање

Некогашниот
репрезентативец на Шпанија, 36 годишниот ветеран Хоакин очигледно нема намера
туку така да се откаже лесно од фудбалот.

Официјално, Хоакин
Санчез го продолжи договорот со неговиот матичен клуб Бетис до 2020. година.

Хоакин кариерата ја
почна токму во Бетис, ги мина младинските категории, потоа се пресели во „Б“
тимот каде одигра една сезона по што следеа настапи за првиот состав на оваа
екипа.

По Бетис, следеше
трансфер во Валенсија, па Малага, Фиорентина… по што се врати во својот
матичен клуб пред две години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани