Хет-трик на Сансет за убедлива победа на Атлетик над Жирона (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Атлетик Билбао убедливо се радуваше против Жирона (3-0) во 23. коло на шпанската Ла лига.

На овој натпревар не настапи Бојан Миовски кој има повреда на мускулите и не беше ниту во протоколот за Жирона. Домашната екипа во Баскија поведе во 40. минута од натпреварот со голот на Оихан Сансет. Истиот фудбалер до полувремето удвои на 2-0, а потоа во 79. минута го постави конечниот резултат.

Атлетик Билбао има 44 бода и се наоѓа на четвртото место со пет помалку од лидерот Реал, додека Жирона со 31 бод е седмопласирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани