Херанц е првиот Аргентинец кој ќе игра за Вардар

by
1 минути читање

24-годишниот Херанц стави потпис на двегодишен договор со Вардар. Тој настапува на позицијата стопер и ќе биде првиот Аргентинец кој заиграч за црвено-црните.

Вардар за него ќе биде прв странски клуб, претходно настапувал за Розаиро Централ и Олимпо, и двата клуба од Аргентина. Херанц во Вардар ќе го носи дресот со број шест.

„Потпишав за одличен клуб, и доаѓам во одличен град. Со нетрпение го очекувам мојот прв настап во мојот нов тим. Првите импресии ми се позитивни, и сега низ тренинзите и низ натпреварите ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата од оние кои ми дадоа прилика да бидам дел од оваа екипа. Знам дека Вардар секогаш атакува на титули. Пред да дојдам тука истражував за овој тим, и можам да кажам дека сум импресиониран. Не беше тешко да се заклучи дека Вардар е најдобриот клуб во Македонија. Исто така ми соопштија дека ќе бидам првиот играч од Аргентина кој ќе настапува во оваа екипа, и драго ми е поради тоа“, изјави Херанц за официјалниот сајт на Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани