316
Нередите започнаа откако фановите на Фенербахче со тврд предмет го удрија гостинскиот тренер во главата. По ова фудбалерите на Бешикташ се повлекоа во соблекувалната а судијата мораше да го прекине натпреварот.
Инцидентите продолжиле во тунелот кој води накај соблекувалните, информациите велат дека луѓе од раководството на Фенербахче ги нападнале гостите од Бешикташ.
Ова беше реванш меч од полуфиналето во турскиот куп, првиот натпревар заврши 2-2, вчерашниот беше 0-0 кога беше прекинат и Бешикташ имаше фудбалер помалку. Фенербахче имаше идеална позиција да се пласира во финалето на купот, но со овој инцидент сами се елиминираа. Случајот на зелена маса сигурно ќе го добијат црно-белите.