Хамбарџумјан: Дадовме се од себе и покажавме дека Вардар е најдобар во Македонија

by
1 минути читање

Вардар синоќа со 3-1 ја совлада Шкендија и ја продолжи доминацијата која ја има над ривалот оваа сезона.

„Сите дадовме сѐ од себе да го победиме ова дерби. Секој триумф на некој начин е важен, ама ова беше многу важна победа за Вардар. Покажавме дека сме најдобри во моментов, но исто така знаеме и свесни сме дека мораме да влегуваме максимално во секој  натпревар. Дека не смее во ниту еден момент да има опуштање затоа што до крајот на сезоната има уште многу“, рече ерменскиот десен бек за официјалниот сајт на Вардар.

„Имаме квалитетни играчи, имаме екипа која што знае што сака и која на секој натпервар оди на победа. Добро ги познавам овие момци и знам дека сите заедно можеме да бидеме уште подобри. Среќни сме за победата, и сега нема време за да мислиме на овој меч затоа што веќе во среда играме уште еден меѓусебен натпревар во рамките од Купот. Секако дека нашата цел покрај освојување на првенството е и трофејот во Купот и затоа треба да се подготвуваме за уште едно дерби кое доаѓа многу брзо. Ги повикувам навивачите да дојдат во среда да ни дадат поддршка, и се надевам дека на крајот ние повторно ќе бидеме победници“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани