Хакери го насамариле Лотито и украле 2 милиони евра од Лацио

by
1 минути читање

Холанѓанецот се
пресели на Олимпико од редовите на Феенорд во 2014 за околу 8,5 милиони евра,
но дури сега медиумите од Италија откриваат дека Лацио бил оштетен за околу 2
милиони евра.

Ил Темпо пренесе
дека Кладио Лотито и „Бјанкочелестите“ наседнале на компјутерска измама,
хакери ги украле последните 2 милиони евра кои клубот од Рим му ги должел на
Феенорд.

Во периодот кога
требала да се изврши финалната трансакција од зделката, Лацио добил мејл со
инструкции како да се изврши исплатата од 2 милиони евра. Во мејлот биле
наведени сите официјални податоци на Феенорд, било и логото на клубот од
Ротердам, како и банката во која биле префрлени претходните суми. Различен бил
само ИБАН бројот.

Клаудио Лотито
набрзо сфатил дека е насамарен, па започнала истрага и утврдено е во која банка
од Холандија пристигнале парите. Во прв момент се чинело дека некој вработен од
Феенорд ги украл парите, но потоа е востановено дека „Бјанкочелестите“ биле
жртва на хакери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани