Баерн Минхен ја
имаше контролата на играта синоќа а воедно и доминираше на Сантијаго Бернабеу,
во реванш пресметката против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на
шампионите.
Дома загуби со
1-2, а синоќа, на гости одигра 2-2, а разочарувањето во таборот на германскиот
тим е огромно поради елиминацијата, шефот на стручниот штаб на Баерн Минхен,
Јуп Хајнкес смета дека Реал Мадрид треба да му се заблагодари на Навас поради
пласманот во финалето, а за неговиот тим издвои дека бил доминантен и заслужил
финале.
„Во двата меча
бевме подобар противник. Разочаран сум, премогу… Ние бевме тие кои доминираа
на теренот, тие можат да му се заблагодарат на Навас бидејќи се пласираа во
финалето. Ние бевме тие кои заслужија место во финалето“ истакна искусниот
стратег од клупата на германскиот првак.