Хајнкес: Реал против Јувентус покажа дека е ранлив дури и пред своја публика

by
1 минути читање

Баерн Минхен
загуби на домашен терен со 1-2 од Реал Мадрид во првата пресметка помеѓу овие
две екипи во Лигата на шампионите, но, Германците никогаш не се откажуваат,
сигурно дека тимот на Јуп Хајнкес ќе фрли се
’ на една карта вечерва (20,45) во реваншот на
Сантијаго Бернабеу.

Шефот на
стручниот штаб на германскиот тим смета дека противникот веќе покажал дека е
ранлив пред своја публика, како за пример го истакна реваншот со Јувентус каде
загуби со 1-3, а се
’ до
завршницата имаше висока негатива која носеше продолжение за решавање на
патникот во полуфиналето, но во самиот финиш доби пенал.

„Реал против
Јувентус покажа дека е ранлив дури и пред своја публика. Тие во реалноста не се
непобедливи. Знаеме дека ќе биде тешко, Реал Мадрид е екипа која е навикната на
вакви тешки натпревари, но исто така и ние. Ќе бидеме незгоден противник, многу
напредувавме и имавме една важна цел која сакаме да ја исполниме. Сакаме
финале, а Реал Мадрид ќе направи се
‘ што може за да не спречи во таа намера“ рече Хајнкес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×