Во текот на
последната година од менаџирањето на Пеп Гвардиола со тимот на Барселона,
фудбалскиот стратег ја загубил довербата во Џерард Пике, тврди самиот
дефанзивец кој воедно и ја наведе причината зошто дошло до тоа, вели дека
доколку Гвардиола останал во Барселона, ништо чудно денес да играл за друг
клуб.
„Гвардиола бараше
од играчите постојано да размислуват за фудбалот, та не можев да го разберам
бидејќи не се сложувам со таквата филозофија, од тој момент тој ја загуби
довербата во мене и одлучи да ме изостави од мечот против Реал“ истакна Пике.
„Таа сезона многу
рамислував за кариерата и животот, да останеше во Барселона, можеби никогаш не
би ја вратил довербата во него, или сега би играл во друг клуб, за среќа, дојде
Тито Виланова и ме врати во почетниот состав“ додаде дефанзивецот.