Гвардиола објасни што се случувало во тунелот и зошто влегол во клинч со тренерот на Виган

by
1 минути читање

Шпанецот ги загуби нервите кон финишот на првото полувреме откако Фабијан Делф беше исклучен поради опасен старт.

Судијата најпрво извади жолт картон, но домашните играчи жестоко протестираа, па по додатна консултација со помошниците Ентони Тејлор ја преиначи одлуката и му покажа црвен на фудбалерот на Манчестер Сити.

Ваквите случувања на теренот предизвикаа голама тензија и крај аут-линијата, Пеп Гвардиола влезе во клинч со колегата од таборот на Виган, Пол Кук.

Расправијата продолжи во тунелот, ТВ снимките покажаа како двајцата менаџери имаа жестока конверзација а настана и мала турканица.

Па по крајот на натпреварот Пеп Гвардиола ја раскажа својата страна на приказната.

„Не се случи ништо посебно… само му велев дека треба да остане во просторот кој е наменет за него, тоа е се“ – вели Шпанецот.

Запрашан конкретно за конверзацијата во тунелот, Пеп додаде: „Момци, ако сакате да ме прашате нешто за фудбал слободно прашајте ме“.

„Ништо посебно не се случи со мојот колега. Ништо. Му кажав само „те молам остани во твојот простор“, толку. И тоа е веќе минато“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани