Гвардиола: Не бевме доволно добри во првата фаза, ако одигравме подобро можеби ќе добиевме и полесен ривал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити ја игра најлошата сезона под водство на Пеп Гвардиола на резултатски план. Во Лигата на шампионите до последно коло тимот не ја знаеше својата судбина и можеше да остане без нокаут фудбал. Сепак, со победа си ја завршија задачата, ама веќе во првата нокаут фаза налетаа на Реал Мадрид.

Пеп Гвардиола призна дека неговиот тим одиграл лошо во првата фаза на натпреварувањето.

Го играме вториот натпревар на гости бидејќи не бевме доволно добри во лигашкиот дел. Завршивме 22. од 24 екипи, не можеш да се надеваш на друго. Не заслуживме да бидеме меѓу осумте најдобри, не бевме ниту близу до тие позиции. Ако бевме подобри во првата фаза, можеби ќе имавме и полесна ждрепка“, призна Пеп.

Сити ќе го дочека Реал во првиот плеј-оф меч во вторник, додека осум дена подоцна гостува во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани