„Граѓаните“ важеа за главен фаворит за потписот на Чилеанецот, и сите очекуваа овој месец играчот да заврши на Етихад Стадионот.
Но Манчестер Сити се предомисли и се откажа поради вкупната цена на зделката, откако Алексис Санчез и неговиот агент побараа многу повеќе пари од она што двете страни го имаа договорено уште од август месец.
Тоа остави простор за Манчестер јунајтед да замеша прсти, „Црвените ѓаволи“ ги прифатија условите и го одврзаа ќесето, па сега Алексис Санчез треба да се пресели на Олд Трафорд.
„Санчез во моментов е играч на Арсенал, но мислам дека ќе се пресели во Манчестер јунајтед. Па сакам да му честитам нему и на клубот“ – рече Пеп Гвардиола на денешната прес конференција.
„На крајот од денот, играчот и неговиот агент одлучуваат каде сакаат да играат. Јас можам да им посакам само многу среќа на сите“.