Гвардиола ќе има 200 милиони фунти за трошење, но може да добие и забрана!

by
2 минути читање

Откако потроши
450 милиони фунти за да го склопи тимот на „Граѓаните“ по свој мерак, Пеп
Гвардиола нема да сопре со реконструкцијата на составот.

Манчестер Сити на
својот менаџер ќе му обезбеди нови 200 милиони фунти за засилувања, а на
листата со желби се играчи како Фред од Шахтар, Томас Лемар од Монако и Ријад
Марез од Лестер.

Но сето ова може
да падне во вода доколку „Граѓаните“ го загубат спорот пред Судот за спортска
арбитража (ТАС). Имено, оваа
недела Манчестер Сити треба да ја дознае пресудата по тужбата која ја поднесе
Велез Сарсфилд откако им беше „украден“ суперталентираниот Бенџамин Гаре.

Клубот од Етихад
се правда дека не прекршил никакви правила и Гаре слободно можел да им се
придружи кога наполнил 16 години бидејќи поседува и италијански пасош.

Но Велез инсистира
дека правилата на ФИФА кои дозволуваат играчи помлади од 18 години да ја
променат средината се однесуваат само на преселба од еден клуб од Европа во
друг клуб од стариот континент. Исто така, тие се
жалат дека Манчестер Сити неетички започнал преговори со Бенџамин Гаре уште
кога тој имал 15 години.

Па доколку ТАС
пресуди дека „Граѓаните“ ги прекршиле правилата, новиот шампион на Англија би
можел да добие забрана за трансфери во два преодни рока.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани