67
Покрај засилување
на првиот тим, Пеп Гвардиола забрзано работи и на ангажман на млади талентирани
играчи за академијата на Манчестер Сити.
Минатиот месец
беше купен 13 годишниот Финли Брнс, како и 15 годишниот Набил Туаизи од
Валенсија.
Следна цел на „Граѓаните“
е 15 годишниот талент на Мајорка, Ришар Дјонку.
Сенегалецот е
следен од најголемите клубови во Шпанија, како Реал Мадрид, Барселона и
Атлетико Мадрид, но според медиумите од „Островото“, Манчестер Сити е тој што
ја предводи трката и ќе го украде десниот бек, кој ќе се пресели на Етихад кога
ќе наполни 16 години.