Гвардиола го налути претседателот на ФА: Зарем треба да му дозволиме на некој да го носи логото на ИСИС?

by
1 минути читање

Стратегот од клупата на
Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го налути извршниот директор на англиската фудбалска асоцијација, Глен Мартин, кој не се согласува дека во фудбалот одредени предмети на личности треба да бидат дел на натпреварите во Премиерлигата, а да бидат поврзани со политиката.

Познато е дека Гвардиола
има свои политички ставови во однос на политичкото прашање на Каталонија,
неговиот став е дека таа шпанска покраина треба да биде самостојна, па поради
тоа на себе носи и жолта трака, за која истакна дека би ја тргнал само доколку
клубот го побара тоа од него.

Зарем треба да му
дозволиме на некој да го носи логото на ИСИС за време на натпреварите во
Премиерлигата? Жолтата трака која ја носи Гвардиола има политичка заднина, тоа
е неприфатливо, не смееме да дозволиме во фудбалот да се шират политички пораки
и симболи, тоа не смее да се толерира
“ истакна Мартин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани