Гвардиола ги копирал финтите што му ги правеше Мурињо за да ги добие Клоп и Ливерпул!?

by
1 минути читање

„Граѓаните“ минатата недела му го нанесоа првиот пораз на Ливерпул оваа сезона, со 2-1 ја добија пресметката со „црвените“ и се вратија во трката за титулата во Премиерлигата.

Подоцна се појавија обвинувања дека Пеп Гвардиола наредил да не се крати тревата на Етихад и намерно била оставена подолга од вообичаеното за да се оневозможи брзата игра на Ливерпул.

Вакви финти правеше Жозе Мурињо токму во пресметките со Пеп Гвардиола, но тренерот на Манчестер Сити веднаш испрати демант и порача дека ваквите трикови не се дел од неговиот репертоар.

„Јас не сум задолжен за одржување на теренот. Никогаш не сум наредил тревата да биде повисока. Доколку Ливерпул сака брза игра, ние сакаме уште побрза. Никогаш не манипулираме. Се обидуваме да го наводнуваме теренот, но не секогаш има потреба бидејќи често врне тука. Тренер сум 10 години, и секогаш сум барал да се коси тревата. Никогаш не сум правел вакви трикови“ – истакна тренерот на „граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани