198
Атлетико Мадрид со
минимален триумф од 0-1 се враќа од гостувањето кај Малага во редовното коло од
шпанската Примера.
Единствениот гол за
Јорганџиите го постигна Антоан Гризман уште во првата минута од средбата, а
истиот беше со посвета.
Гризман го прослави
погодокот држејќи дрес со натписот на навивач на клубот Начо Барбера кој почина
играјќи на натпревар за младинскиот состав на Атлетико за фудбалери до 12
години минатиот викенд.
Еве го и неговиот погодок постигнат по 40 секунди игра на мечот…