76
Фил Џонс не
можеше да го сопре Еден Азар па мораше да направи прекршок врз него во
казнениот простор на Манчестер јунајтед во финалето од англискиот ФА Куп,
главниот арбитар на средбата во Лондон, Мајкл Оливер немаше дилеми во својата
одлука и досуди пенал, а на дефанзивецот на Црвените ѓаволи му додели жолт
картон.
Познат е Џонс по
своите гримаси кои ги прави во текот на натпреварите, па еве каква беше при
стартот врз Белгиецот кој потоа беше доста ладнокрвен во ударот од белата точка
и го испрати Де Хеа на спротивната страна за водство на Челси.
data-lang="en">