Грција го суспендираше фудбалското првенство по примитивниот инцидент во Солун

by
1 минути читање

Синоќа во Грција се случи невиден инцидент на големото дерби помеѓу ПАОК и АЕК кои се борат за титулата. На домаќините во 90. минута им беше поништен гол поради офсајд.

Незадоволен од ваквата одлука на теренот влезе претседателот на ПАОК, Иван Савидис со пиштол на ременот и му се закануваше на судијата. Тој им рече на своите фудбалери да се повлечат, а тој заедно со уште двајца свои телохранители тргна да јабара правдата кај судијата. Два часа подоцна судијата призна дека погрешил и го регистрира мечот со победа на домаќините од 1-0.

Судијата во извештајот признал и дека добивал закани од претседателот на ПАОК.

Поради големиот инцидент грчкото првенство е суспендирано на неопределено време.

„Првенството нема да продолжи се додека не се стави јасна рамка со согласност од сите и да се продолжи според нормални услови и закони“, изјави министерот за спорт на Грција, Гиоргос Василиадис.

За големиот инцидент извесени се и ФИФА и УЕФА, но проблемот е во надлежност на Грција и фудбалската федерација на оваа земја.

Претседателот на ПАОК, Савидис е еден од најбогатите Грци во светот, роден е во Грузија и е поранешен член на рускиот парламент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани