Искусниот англиски дефанзивец Кајл Вокер следната сезона повторно ќе настапува во англиската Премиер лига и тоа во редовите на Барнлли, потврди италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо.
Вокер, кој ова лето се врати во Манчестер Сити по позајмицата во Милан, не е во плановите на Пеп Гвардиола, па беше јасно дека ќе ја промени редината. Иако Евертон долго време се споменуваше како најсериозен кандидат за неговиот потпис, на крајот Барнли успеал да реагира побрзо и да ја комплетира зделката.
Постоеше и опција за трансфер во Фенербахче, каде што Жозе Мурињо го посакуваше во својот нов проект, но сепак 34-годишниот репрезентативец одлучи да остане во Премиер лигата. Според информациите, Вокер потпишал едногодишен договор со Барнли, со клаузула за автоматско продолжување ако настапи на повеќе од 70 отсто од натпреварите.