Готово: Познат новиот клуб на Томас Милер

by Стефан
1 минути читање

На крајот на оваа сезона, легендата на Баерн Минхен, Томас Милер, ќе го напушти клубот, а според информациите од доверливи германски медиуми, најверојатна дестинација за германскиот ас е САД – поточно тимот на Лос Анџелес од МЛС лигата.

Според истите извори, клубот од Калифорнија прави сè за да го убеди Милер да се пресели во Лос Анџелес, нудејќи му вистинско богатство – не само преку плата, туку и преку луксузен животен стил. Меѓу условите се вклучува и скапоцена вила на Беверли Хилс, а Милер би бил промовиран како прва ѕвезда на екипата.

Во тимот на Лос Анџелес веќе настапуваат големи француски имиња како голманот Уго Лорис и напаѓачот Оливие Жиру, а со доаѓањето на Милер, тимот би добил уште поголема сила и престиж.

Моментално, Лос Анџелес е на осмото место во табелата на МЛС лигата, но со вакво засилување, нивните амбиции за висок пласман би биле сосема реални.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани