Готово: Милан договори засилување од 50 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Диего Мореира од Стразбур е пред трансфер во Милан, откако италијанскиот гигант постигнал договор вреден 50 милиони евра, плус бонуси и процент од идниот трансфер.

Мореира, наводно, сакал единствено преселба на „Сан Сиро“ и покрај понудите и интересот од германски клубови. Неговата желба одиграла важна улога во реализацијата на трансферот.

Во преговорите клучна улога имал познатиот агент Жорж Мендеш, кој го предводел процесот. Договорот со фудбалерот е постигнат, личните услови се усогласени, а преостанува уште да ги мине лекарските прегледи.

Доколку сè помине според планот, Мореира наскоро и официјално ќе стане нов фудбалер на Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×