Тешка победа на Реал Мадрид, Винисиус направи глупост! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со 1-0 го победи Виљареал во натпревар кој беше вистинска војна на теренот, а во центарот на вниманието беше Винисиус Жуниор.

Во првото полувреме немаше голови, Реал Мадрид беше подобар, но не доволно за да поведе.

Диоманде беше стартер на позицијата на Винисиус, а Бразилецот влезе во игра во 52. минута.

Десет минути подоцна по асистенција од Валверде, Диоманде постигна гол за водство на Реал Мадрид од 1-0. Негов деби погодок за кралскиот клуб.

Во 68. минута Винисиус даде гол за 2-0, но погодокот му беше поништен поради прекршок во акцијата токму од него. Вини повлече играч на Виљареал за коса, потег за кој доби и црвен картон.

Од негова огромна радост за погодокот, до исклучување и фрустрација поради која збесна и едвај го смирија и го испратија во соблекувалната.

Реал Мадрид остана со десет фудбалери до крајот на мечот и успеа да се одбрани и да освои три многу важни бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×