Роналдо се враќа во репрезентацијата на Португалија – во ноември!

by riste
1 минути читање

Претседателот на Фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенса, потврди дека сите во националниот тим сакаат Кристијано Роналдо да биде дел од следниот репрезентативен собир.

Претходно се зборуваше за наводна суспензија за Роналдо откако тој го напушти кампот на Португалија среде натпреварите од Лигата на нации.

Но, тоа нема да се случи. Селекторот, фудбалерите и федерацијата сакаат Роналдо да биде во составот во ноември и тој ќе биде повикан.

„Федерацијата, селекторот и играчите се согласни дека сакаме Кристијано повторно да биде во тимот. Верувам дека ќе ни се приклучи уште во ноември“, изјави Проенса.

Првиот човек на португалскиот фудбал нагласи дека желбата за продолжување на соработката е обострана, односно дека и самиот Роналдо сака да се врати во репрезентацијата.

„И Кристијано сака да се врати. За мене, тој е најдобриот фудбалер на сите времиња“, порача Проенса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×