Ливерпул плаќа дури 60 милиони фунти за фудбалер од својата академија?!

by bojan
1 минути читање

„Црвените“ внимателно ја следат ситуацијата на Џарел Кванса и размислуваат за враќање на дефанзивецот во зделка вредна 60 милиони фунти.

Џарел Кванса е дете на Ливерпул, од 6 години е дел од академијата на „црвените“, но во потрага на редовна минутажа, во 2025 година се пресели во Баер Леверкузен во зделка вредна околу 30 милиони фунти, плус додатни 5 милиони фунти во бонуси.

Потегот се покажа како полн погодок, дефанзивецот се наметна во дресот на „фармацевтите“, игра на високо ниво, стигна и до репрезентацијата на Англија, а го привлече и вниманието на неколку екипи, дури се најде и во бележникот на големиот Реал Мадрид.

Но како што пренесува Билд, големи се шансите Џарел Кванса да се врати во Премиерлигата, каде Челси и Арсенал пројавуваат интерес, а и Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата.

„Црвените“ поради две причини ќе сакаат да го ангажираат, како прво им е потребен наследник на Вирџил ван Дајк, за кого веројатно ова е  последната сезона на „Енфилд“, и како второ, да не дозволат ривалите да добијат квалитетно засилување.

Ливерпул исто така има адут плус во клаузула која им дава можност да го ангажираат Џареал Кванса за 60 милиони фунти, која може да се активира до јуни 2027 година.

ФОТО: X/Bayer 04 Leverkusen

Можно е и ова да ти се допаѓа

×