Хулијан Алварез во јануари го напушта Атлетико, и тоа во спектакуларна трампа?!

by bojan
1 минути читање
Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е прва желба на Барселона за засилување на нападот

Хулијан Алварез сериозно размислува за трансфер во Арсенал и тоа веќе во зимскиот преоден рок, напаѓачот не гледа долгорочна иднина во Атлетико Мадрид.

Изминатово лето, Хулијан Алварез беше на мета на неколку гиганти, но Аргентинецот на ум ја имаше само Барселона и до последен миг чекаше трансфер на „Камп Ноу“.

Сепак, Атлетико Мадрид категорично одби да го продаде напаѓачот на својот ривал од Ла Лига, и одолеа на сите притисоци.

Но трансфер сагата направи јаз помеѓу двете страни, Хулијан Алварез не гледа долгорочна иднина на „Метрополитано“.

Тој сега е подготвен да ги разгледа сите опции, особено понудата на Арсенал, и сериозно размислува за трансфер веќе во јануари.

„Топчиите“ минатото лето беа подготвени да платат повеќе од 100 милиони фунти, а во евентуалниот трансфер би можеле да бидат вметнати и Виктор Ѓекереш или Нони Мадуеке.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×