Карвахал бара една клаузула за да потпише со Хетафе

by bojan
1 минути читање

Дани Карваахл начелно си подаде рака со Хетафе, но бирократски проблеми и едно барање на десниот бек го комплицираат трансферот.

Оваа недела беше најавено дека Дани Карвахал се договорил со Хетафе и се чинеше дека неговиот трансфер во малиот клуб од Мадрид е завршена работа.

Но зделката во моментов е блокирана поради финансии причини, „АС“ објави дека Ла Лига не ги одобрува условите од договорот помеѓу десниот бек и клубот од „Колосеум“.

Во Ла Лига не веруваат дека играч од калибарот, реномето и пазарната вредност на Дани Карвахал би прифатил толку ниска плата.

Двете страни ќе имаат нова средба на почетокот на неделата во обид да најдат решение за десниот бек да го финализира трансферот во Хетафе.

Во меѓувреме, новинарот Роберто Гомез откри дека и една клаузула дополнително го комплицира договорот.

Тој вели дека поранешниот капитен на Реал Мадрид побарал да има одврзани раце во јануари да замине доколку добие примамлива понуда.

Ваквиот услов е проблематичен за Хетафе, клубот не сака да ангажира фудбалер кој би можел да замине за само неколку месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×