Игор Тудор ќе остане на клупата на Јувентус и следната сезона, потврди генералниот менаџер Демиен Комоли.
Оваа одлука во Јувентус ја донесоа по пласманот на „старата дама“ во Лигата на шампионите и тој ќе ја предводи екипата на Светското клупско првенство летово.
Тудор на клупата на клубот од Торино пристигна на крајот од март о договор до крајот на сезоната и клазул за автоматско продолжување на договорот, ко обезбеди место во Лигата на шампионите.
Во последниот период се шпекулираше за неговата иднина, меѓутоа откако Антонио Конте се одлучи да остане во Наполи, клубот од Торино немаше премногу опции.
Сега Јувентус го очекува настапот на Свветското клупско првенство каде што ќе се соочи со Манчестер сити, Ал Аин и Видад Казабланка.