Горецка преговара за трансфер во италијански гигант, но проблем е платата

by Стефан
1 минути читање

Германскиот репрезентативец Леон Горецка би можел да биде едно од најзвучните имиња на летниот преоден рок во Италија, откако медиумите на Апенините најавуваат дека Јувентус сериозно размислува за негов ангажман.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, новото раководство на торинскиот клуб предводено од извршниот директор Џовани Карневали веќе работи на засилувања кои би му помогнале на тимот да се врати на победничките патеки.

Договорот на Горецка заврши на крајот на изминатата сезона, па така во Торино би пристигнал како слободен фудбалер без отштета.

Сепак, најголем предизвик за „старата дама“ останува високата плата на искусниот играч за врска. Иако неговите финансиски барања во моментов ги надминуваат рамките поставени од клубот, разговорите меѓу двете страни продолжуваат и постои оптимизам дека може да се постигне договор.

Интерес за Горецка во претходниот период покажуваше и Милан, но според најновите информации „росонерите“ повеќе не се во трката за неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×