Горецка до фановите на Шалке: Знам дека ве разочарав со мојата одлука, но, бидете сигурни, овој клуб ќе ми остане во срцето засекогаш…

by
2 минути читање

Шалке 04 правеше
максимални напори да го продолжи договорот со 22 годишниот Леон Горецка, но тој
се реши да потпише за најтрофејниот германски тим, Баерн Минхен кој во лето го
добива големиот талент бесплатно.

Горецка ја коментираше
својата одлука за која рече дека свесен е дека фановите на Шалке нема да имаат
разбирање, но додаде дека до крајот на сезоната ќе биде професионалец и во
целост ќе даде се од себе за да се остварат амбициите на клубот.

Знам дека ве разочарав
и дека многу малку од вас ќе имаат разбирање за мојата одлука. Било кое
објаснување да ви го дадам знам дека нема да го прифатите. Не сакам во овој
момент да се збогувам од вас бидејќи и натаму сум фудбалер на Шалке и во
вториот дел од сезоната. Секој кој добро ме познава, добро знае дека секогаш ќе
давам се од себе на терените. Сакам да му помогнам на Шалке да се пласира и да
го освои Купот на Германија
“ вели Горецка.

Разговарав со
претседателот на клубот, клупскиот менаџер и тренерот. Сите беа разочарани од
мојата одлука, посебно бидејќи вложија големи напори да ме задржат. Минав пет
години во овој клуб кој засекогаш ќе ми остане во срцето
“ додаде тој.

Единствено нешто што
морам да ве замолам, е тоа, доколку не се сложувате со мојата идеја, немојте
поради тоа да ја отежнувате работата на целокупниот тим, имаме уште многу за
што да се бориме. Имаме цели за кои тежнееме сезонава, а јас сакам во
најголемиот дел да допринесам за тие да бидат остварени
“ заклучи Горецка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани