Голманот на Кристал Палас во проблеми, ФА го истражува неговиот нацистички поздрав (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалската
Асоцијација на Англија го разгледува случајот со голманот на Кристал Палас,
Вејн Хенеси за да утврди дали тој упатил нацистички поздрав на една фотографија
со неговите клупски соиграчи од редовите на Премиерлигашот.

Против интернационалецот
од Велс се води случај поради неговиот гест во фотографијата која беше објавена
и на социјалните мрежи од страна на неговиот соиграч Макс Мејер при прославата
на фудбалерите на Кристал Палас по победата над Гримсби во ФА купот изминатиот
викенд.

31 годишниот
чувар на голот од Кристал Палас се одзва во јавноста по обвинувањата на негова
адреса, тврдејќи дека ја повикувал личноста која фотографирала, да го стори
тоа.

Имавме собир со
моите соиграчи од екипата а воедно и имавме фотограф. Јас само му мавтав а
потоа и довикав на личноста која фотографираше, во истиот момент само ја ставив
раката на мојата уста за сето тоа да звучи погласно
“ тврди Хенеси.

Ги уверувам сите
дека сето тоа е коинциденција, дури и моето внимание го привлече тој момент
каде од тоа што се гледа наликува дека имам непристоен поздрав, љубов и мир,
Вејн
“ напиша тој на социјалните мрежи.

Сепак, останува отворено прашањето како ќе реагира ФА откако ќе заврши истрагата за овој случај, не се исклучува и одредена суспензија за голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани