Фановите на Еспањол,
градскиот ривал на Барселона не се баш во добри односи со Џерард Пике, а ова
големо ривалство трае десетина години.
„Корнеља“ е посебно
расположена за свирежи и скандирања со навредливи содржини кога гостува
фудбалерот на Барселона, а неговата сопруга посебно е истакната во тие
навредливи содржини, некогаш на трибините постоеа и транспаренти, но по
неколкуте парични казни, Еспањол реши драстично да ги промени работите на тоа
поле, но скандирањата не можеа да се сопрат.
Така беше и во
последното локално дерби каде двата ривали ремизираа а израмнувачкиот гол за
гостите го постигна токму Пике кој со гестикулација ги замолчи домашните
фанови.
Историјатот во
ривалството помеѓу фановите на Еспањол и Пике во едно видео, преведено…
Инаку, транспарентот кој е на фото-веста преведено значи „Шакира припаѓа на
сите“.