94
Голот на Роналдо
со ножички синоќа остави се’ зад себе во сенка, па така и рекордот кој го постави Јуп Хејнкес на клупата
на Баерн Минхен.
Германскиот првак
со победата од 1-2 кај Севиља со една нога е во полуфиналето од Лигата на
шампионите, а синоќешната победа кај шпанскиот прволигаш значеше 12 победи во
низа во елитното европско клупско натпреварување.
Искусниот
фудбалски стратег серијата победи ја започна во сезоната 2012/13 по победите
над Јувентус и Барселона, во четвртфиналето, односно полуфиналето во Лигата на
шампионите, за потоа да следи и триумфот против Борусија Дортмунд во големото
финале.