Големи промени во Серија А, од следната сезона и „боксинг деј“

by
1 минути читање

Форматот на
натпреварување во италијанската Серија А, од идната сезона нема да биде ист, за
тоа потврди и претседателот на Олимпискиот комитет, Џовани Малаго, кој издвoи
дека ќе има промени во распоредот, ќе бидат скратени преодните рокови, а воедно
ќе се воведе и „боксинг деј“, популарен на Островот.

Следната сезона
на Серија А ќе стартува на 19 август, додека пак Супер купот ќе се игра седум
дена порано, од наредната година ќе имаме две кола кои ќе се одиграат во
средина на неделите, на 26 септември и 3 април, а ќе ја примениме и формата
на „Боксинг деј“, па во првиот дел од сезоната ќе се игра на 22, 26 и 30
декември, а вториот дел ќе почне со натпревари на 20 јануари“
– издвои Малаго кој
додаде дека се направени и важни промени во однос на преодниот рок, летниот ќе
биде завршен на 18. август, 24 часа пред почетокот на сезоната, а јануарскиот ќе
биде скратен и ќе трае се
до
19. јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани