УЕФА денеска ја дополни листата на промени кои ќе се случуваат од следната сезона во нејзните клупски натпреварувања.
Ќе биде воведена четврта измена но тоа ќе може да се случи само во нокаут натпреварувањата и тоа во продолженијата. Во регуларните 90 минути останува правилото на три замени, но доколку се играат продолженија клубот ќе може да направи уште една измена.
Втората измена се однесува на должината на клупата за време на финалните натпревари. Во финалето од ЛШ, ЛЕ и Суперкупот, клубовите наместо 18 играчи ќе можат да пријават 23 фудбалери за натпреварот. Тоа значи дека дури 12 играчи ќе седат на клупата наместо седум колку што се вообичаено.
Претходно УЕФА најави дека натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите и Лига Европа ќе се играат во два термини, од 18:55 и 21:00 часот.
Ќе има промени и во регистрацијата на фудбалери во јануарскиот преоден рок по завршувањето на групната фаза. Клубовите ќе можат да регистрираат најмногу тројца нови играчи за нокаут фазата без никакви рестрикции. Тоа значи дека еден играч кој играл во групната фаза за еден тим, во нокаут фазата ќе може да игра за друг тим. Нешто што беше забрането досега.