Барселона го победи Реал Сосиедад со 1-0 и ја славеше титулата во Примера, но се беше подредено во чест на легендарниот Андре Иниеста кој синоќа го играше последниот меч во црвено-синиот дрес.
Иниеста на теренот беше до 80. минута кога беше заменет а навивачите со овации и аплауз кој траеше речиси десет минути го испратија својот фудбалер.
„Ова беа 22 неверојатни години и ми беше чест да играм за овој клуб кој за мене е најдобриот клуб во светот“, изјави Иниеста.
„Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи и на сите вас на стадионот. Заминувам на 34 години и сакам да кажам дека моето срце ќе биде тука засекогаш“.
Откако сите заминаа, Иниеста остана на Камп Ноу и до 1:30 часот сам седеше на теренот.
01:30 AM in Barcelona – Andres Iniesta is still on the pitch by himself, for the seek of all his memories.. Tears. pic.twitter.com/w7CVODhztz
— Barca Universal (@BarcaUniversal) May 20, 2018