Голем удар за ПСЖ, Тиаго Силва нема да игра против Барселона!

by
0 минути читање

Сериозен хендикеп за тренерот Унаи Емери, информациите од Франција велат дека нема да може да смета на Тиаго Силва.

Бразилецот има проблем со левата потколеница поради која го пропушти натпреварот против Бордо во минатото коло.

Во ПСЖ се надеваа дека ќе биде оспособен за дуелот со Барселона, но тој го пропушти и денешниот последен тренинг.

Според француските медиуми, тој нема да биде меѓу 18 играчи на Унаи Емери за утрешниот голем натпревар од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани