1,4K
Мануел Аканжи нема да биде на располагање на Пеп Гвардиола за возвратниот дуел во Лигата на шампионите на Манчестер Сити против Реал Мадрид.
Швајцарскиот стопер заработи повреда на првиот натпревар на „Етихад“, па поради тоа го очекува пауза од терените. Аканжи беше заменет на полувремето, а првичните најави велат дека го чека пауза од неколку седмици.
Гвардиола ќе мора да најде друго решение за десната бековска позиција, која и онака не му е природна позиција на Аканжи.