Селекцијата на
Англија речиси се „прошета“ во групната фаза од квалификациите за пласман на
Светското првенство кое на лето се одржува во Русија, а за противници во
својата група ги имаше Словачка, Шкотска, Словенија, Литванија и Малта.
За разлика од
Англија пак, фудбалска Холандија доживеа шок откако не избори место на
Мундијалот, во својата квалификациска група заврши како третопласирана, а за
противници ги имаше Франција, Шведска, Бугарија, Луксембург и Белорусија.
Токму овие две
селекции утревечер ќе одиграат контролен меч, а „Мирор“ пренесува дека
селекторот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт за момент се најде во проблеми по
тоа што се случи на вчерашниот тренинг во пресрет на дуелот со Холандија.
Фудбалерите ги
тренирале своите шутерски способности, но од 28 удари кон голот, тоа што им
успеало да го погодат во рамките на голот било конструкцијата, или стативата, и тоа еднаш, и ништо повеќе од тоа.