Руни Бардгџи можеби не се изнаигра многу во првата сезона на „Камп Ноу“, но привлекува голем интерес, преку 10 клубови сакаат да го ангажираат.
Руни Бардгџи важи за еден од најголемите таленти во својата генерација, минатото лето доби многу понуди, но кога на неговата врата тропна Барселона, тој ги заборави сите други и инсистираше на преселба на Камп Ноу.
Сепак, неговата авантура во Барселона не одеше по планот, офанзивниот фудбалер доби мала минутажа поради големата конкуренција за место во тимот.
„Каталонците“ сега го договорија и Карим Адејеми, тоа сигурно ќе значи помала шанса за Руни Бардгџи, па Шевеѓанецот е во потрага на нова средина.
Како што пренесува Спорт, голем е интересот за неговите услуги и покрај тоа што тој беше само резерва.
Повеќе од десет клубови веќе стапиле во контакт и се распрашувале за ситуацијата на Руни Бардгџи, меѓу кои се Сандерленд, Лидс, Брајтон, Астон Вила, неколку екипи од Ла Лига… Порто, Ајакс и Марсеј.