Македонци во Швајцарија си добија дрес од Гаштаров! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Црвена звезда доживеа болен пораз од 3-2 на гостувањето кај Лугано, откако српскиот гигант прими два гола во завршницата од натпреварот. Сепак, и покрај неповолниот резултат, македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров имаше одличен настап и беше меѓу најдобрите поединци на теренот.

Гаштаров одигра важна улога во нападот на белградскиот тим, асистирајќи при првиот гол на Црвена звезда, кога Елшник се запиша во листата на стрелците. Македонецот продолжи со квалитетната игра и во продолжението од средбата, покажувајќи сигурност и борбеност во средниот ред.

Покрај добрата игра на теренот, нашиот репрезентативец израдува и Македонци кои беа на трибините.

При напуштањето на теренот, Гаштаров ги забележа Македонците кои се наоѓаа во првите редови на трибините, па реши да ги израдува со убав гест. Младиот репрезентативец му го подари својот дрес од натпреварот на еден од навивачите, предизвикувајќи воодушевување меѓу присутните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×