И покрај тоа што
нема за што да се бори во Примера, Зинедин Зидан не ризикуваше за последниот
натпревар на Бернабеу и го извади најсилниот состав со кој располага во овој
момент.
Тоа резултираше
со одлично издание на „Кралевите“ и убедлива победа од 6-0 над Селта
Резултатот беше
отворен во 13. минута, Бејл избегна една офсајд замка, биеше по земја и со
помош на стативата ја затресе мрежата на гостите. По половина час игра,
Велшанецот приреди мајсторија и ја крена публиката на нозе. Откако го надтрча
противничкито дефанзивец, со одличен прв допир се ослободи од својот чувар и
потоа прекрасно пласираше на подалечната статива за 2-0.
Само 120 секудни
следуваше нова мајсторија, овој пат Иско предизвика ерупција на стадионот.
Шпанецот од работ на шеснаесетникот погоди во аголот за 3-0.
На стартот од
вториот дел во листата на стрелци се запиша и младиот Хакими, кој најави
катастрофа за Селта. Во 74. минута Гомез ја погоди сопствената мрежа за 5-0, а
конечните 6-0 ги постави Крос во 81. минута на асистенција на Мајорал.