Зидан и во
третиот обид не успеа да го победи Симеоне на Бернабеу во натпревар од Ла Лига,
попладнево Реал и Атлетико одиграа 1-1.
„Кралевите“
доминираа во првото полувреме, имаа неколку добри шанси, но Облак беше
извонреден на голот и не дозволи неговата мрежа да биде затресена. А и кога
беше совладан при шутот на Марсело, топката заврши во стативата.
Резултатот беше
отворен во 53. минута, Бејл нафрли а Роналдо со волеј од седум метри биеше
неодбранливо за 1-0. Сепак радоста на Реал не траеше многу. Во 57. минута од
мечот Гризман изедначи на 1-1 откако се најде на правото место и еден отпадок
го претвори во гол.
Само 60 секунди
подоцна, Атлетико можеше и да поведе, Коке биеше силно од 11 метри, но Навас
одбрани.
Последната голема шанса ја имаше Рамос, во 91. минута дефанзивецот биеше
мајсторски од слободен удар, но Облак уште еднаш ја покажа својата класа и одбрани.