Го нема Нејмар, нема забава: Депај со голчиште во 94. минута ги фрли ПСЖ на колена (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Без првата ѕвезда
во тимот, Нејмар, ПСЖ го доживеа вториот пораз ова сезона, вечерва избраниците
на Унаи Емери загубија на гостувањето кај Лион.

Домаќините
поведоа по само 120 секунди, Фекир го фати на „спиење“ гостинскиот голман и од
прекин донесе 1-0.

Во завршните
мигови од првиот дел, ПСЖ изедначи преку Курзава, но гостите во вториот дел
останаа со играч помалку откако Алвеш заработи црвен картон.

Бројчаната
предност Лион ја искористи дури во 94. минуга, кога Депај постигна еврогол од
далечина за 2-1 и големо славје.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани