Арсенал иако важеше за
фаворит, сепак доживеа елиминација од Нотингем Форест во ФА Купот, со 4-2
загуби на гостувањето кај второлигашот во третата рунда од ова натпреварување,
а еден од стартерите на тој мече беше и Алекс Ивоби.
Медиумите на Островот
објавија фотографија на која јасно се гледа Нигериецот како е присутен на
забава во доцните часови (поточно 2.37 по полноќ), на еден ден пред мечот.
Видеото објавено на
социјалните мрежи гласеше „Не ли треба Ивоби да спие во овие моменти?“.
„Уште еден меч со
катастрофални перформанси од фудбалер кој е дефинитивно вон формата во која
треба да биде, не влијаеше воопшто на играта на својот тим во позитивен аспект“
напиша британски „Мирор“ во оценките на фудбалерите на Арсенал по мечот со
Нотингем Форест, давајќи му на Нигериецот „четворка“ како оценка.